УШТЕ ЕДЕН „НОН ПЕЈПЕР“ ЗА МАКЕДОНИЈА: Девет европски држави објаснуваат како да се интегрираме во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Девет држави од ЕУ излегоа со „нон пејпер” за забрзана евроинтеграција на земјите од Западен Балкан.

Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Литванија, Летонија, Малта и Полска доставија во Брисел свој предлог за „унапредување на процесот и одржлива и забрзана интеграција на Западен Балкан”.

Радио Слободна Европа, која имала увид во т.н. нон пејпер, јави дека деветте членки на ЕУ излегле со предлози околу новата методологија за проширување, која Европската унија, според најавите, ќе ја усвои до крајот на јануари идната година.

Во документот се наведува дека зајакнатиот процес на придружување треба да биде надграден на постојниот консензус за проширување врз основа на принципите: полноправно членство во ЕУ како крајна цел; пристап заснован на заслуги; строго но чесно условување; поттикнување регионална соработка и добрососедски осноси и компатибилност со веќе постоечката преговарачка рамка.

„Потребно е да се одржи способноста на ЕУ да ги интегрира новите членки брз ослабнување на нејзината внатрешна кохеренција. Меѓутоа, внатрешната реформа на ЕУ не може да биде предуслов за проширување. Нашата врата останува отворена”, стои во документот потпишан од овие држави.

Потписничките на овој документ се со став дека политичкиот поттик би требало да вклучува и годишни средби на ниво на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, како и поголемо учество на претставниците од регионот на неформалните средби на Советот. Се предлага „ефикасен и насочен финансиски поттик”, кој ќе го наградува и олеснува напредокот.

Премиерот на Холандија, Maрк Руте се залага за раздвојување на пакетот со Албанија, вракајки се на основниот принцип на Унијата, секоја земја кандидат да напредува согласно сопствените заслуги, објави црногорскиот весник Побједа.

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП) и поранешен претседател на Европскиот совет, Доналд Туск пред неколку дена му забележа на францускиот претседател Емануел Макрон за односот кон Западен Балкан и предупреди дека процесот за проширување не смее да биде штетен за С Македонија и за Албанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This