УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ: Демирхисарскиот градоначалник сега им се заканува на медиумите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граданочалникот на општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски, им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат.

Економски Лидер стигна до ексклузивно видео од состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.

-Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето, пренесе Лидер

Скандалот да биде уште поголем, тој се дере и се заканува во присуство на деца.

Кога беше приведен во полициска станица, градоначалникот се правдал дека снимката е од јануари, што не ја намалува неговата вина бидејќи тој и тогаш беше градоначалник.

Скандалот не запре тука. Овој градоначалник од СДСМ, сега им се заканува на медиумите и новинарите и лицемерно бара извинување од нив.

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, се огласи откако во медиумите беа објавени неговите закани на вработените во ОУ „Гоце Делчев“.

.– По однос на монтираниот видео запис кој проциркулира низ повеќе интернет портали, телевизиски и радио медиуми, Ве информирам и Ве известувам за следното; Најпрво, периодот кој е снимено видеото е на 22.01.2018 година – првиот училишен ден од почетокот на второто полугодие во ООУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар и нема апсолутно никаква врска со упатување на закани и влијанија кон граѓаните на Демир Хисар за претстојниот референдум 2018 година. Моето присуство во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ беше по претходно барање на група од триесетина родители кои одржуваа средба поради протест на две незадоволни наставнички од прераспоредувањето на работно место во образовната институција каде работат, што е законско право на раководното лице во училиштето. Претходно, дел од родителите ми се јавуваа и ме известуваа за тој протест и незадоволство на двете наставнички, како оделе од куќа на куќа и ги убедувале останатите кои имаа можност за лобирањето при носењето на одлуката за нивното прераспоредување, стои во соопштението од градоначалникот Стојановски.

Стојановски ги информира граѓаните дека изречените зборови во видеото се однесуваат токму на тие разговори побарани од родителите, а не некакво прислушкување, уцени и закани.

Тој бара од сите пишани, електронски, аудио и видео медиуми да да се извинат за неговиот нарушен изглед, а од лицето кое го снимило видеото да се даде информација кај надлежните органи, во спротивно на ова ќе биде поднесена тужба од негова страна до надлежните институции.

Ова е притисок врз медиуми и новинари кои го открија големиот скандал, а тој наместо да се извини и да поднесе одговорност, реши да бара извинување од други.

Се надеваме дека надлежните сериозно ќе се заземат за решавање на овој настан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This