УШТЕ ЕДНА КОМИСИЈА СО ГРЦИЈА: Ќе го зaгyбат ли македонските фирми правото да го користат зборот Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мешовитата комисија од експерти што треба да решава околу називите на трговските марки кои го содржат терминот Македонија, македонско, македонска и слично ќе се формира кон средината на мај – најави денеска премиерот Заев по средбата со грчкиот колега Ципрас. Грција во изминативе години, а особено по потпишувањето на Преспанскиот договор во неколку наврати им правеше пpoблеми на македонските компании кои го користеа името Македонија кога се претставуваа на меѓународни саеми. Денеска компаниите од двете земји на заеднички бизнис форум се обидоа да го надоместат пропуштеното на економски план во последниве 30 години.

За македонските бизнисмени, пак, најважен е непрекинат пристап и поволности за македонските компании што го користат Солунското пристаниште. Тие барат и модернизација на железницата Солун – Скопје, како и поефикасна прекугранична трговија. Двете земји најавија отворање нов граничен премин Мајден кај кавадаречко.

За грчките компании, пак, клучно е да е обезбеди побрз транспорт низ земјава за грчките стоки да стигнуваат побрзо до европските држави. И двете страни сметаат дека има голем простор за соработка во областа на енергетиката, инфраструктурата, туризмот.

На бизнис форумот во Скопје учествуваа 400 бизнисмени. 170 претставници на грчки фирми имаа директни средби со македонски стопанственици. Инаку лани Грција била ни била втор трговски партнер со вкупен обем на размена од 840 милиони евра. Грчките фирми минатата година вложиле 26 милиони евра во земјава со што Грција го зазема 7-то место на листата најголеми странски инвеститори кај нас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This