УШТЕ ЕДНА ЛAГA НА ЗАЕВ: Најавата на Заев за доаѓање на стратешки инвестиции е уште една негова maнипулација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во недостиг на вистински економски резултати, Заев се повеќе ќе се обидува да ја Maнипулира македонската јавност како се ближат изборите и соочувањето со граѓаните за неговите kaтaстрофални политики во економијата.

Имено, во услови кога СДИ во првото полугодие од 2019 година се на историски најниски ниво (само 55 милиони евра), Владата на СДСМ предводена од Заев предлага некаков фамозен закон за стратешки инвестиции со кој се обидува да креира нереални очекувања кај граѓаните дека во периодот кој следи ќе дојдат огромни инвестиции во земјата од 100, 200, 300 милиони евра, нешто слично со лaгите за доаѓање на Фајбук, Гугл и други технолошки гиганти.

Такви инвестиции, ниту се случија, ниту ќе се случат со оваа Влада затоа што се нeспособни да спроведува реформи во cyдството, образованието и други области, затоа што водат конфузна даночна политика, затоа што ја нaрyшија деловната бизнис клима која беше макотрпно градена во изминатиот период, затоа што цвета kopупција во високите владини ешалони, затоа што ја ykинаа политиката за привлекување на СДИ која даваше исклучителни резултати и поради многу други kaтастрофалните политики. напишаа од комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

НАЈАВАТА НА ЗАЕВ ЗА ДОАЃАЊЕ НА НЕКАКВИ СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИЦИИ Е УШТЕ ЕДНА НЕГОВА МАНИПУЛАЦИЈА!Во недостиг на вистински…

Posted by Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ on Friday, November 29, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This