Уште едно вeтo од Бугарија, нema пac за Фронтeкс, сами ќе ја чyвaмe европската граница од мигpaнти поради македонскиот јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– МИА побара одговор од Европската Комисија до каде е потпишувањето на договорот за Фронтекс помеѓу Македонија и ЕУ, проблемот е употребата на “македонски јазик“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија е во процес на потпишување на договор со земјите од Западен Балкан за Фронтекс, односно за интегрирано гранично управување, една од стратешките точки во борбата против “нелегалната миграција“ на ЕУ, бидејќи земјите од регионот се наоѓаат на клучната „балканска рута“.

Во последните две години, ЕУ ваков договор потпиша со Албанија, Црна Гора и со Србија.

Со Македонија договорот за Фронтекс е инициран во јули 2018, но до денешен ден останува непотпишан само поради Бугарија.

Од Европската Комисија МИА го доби следниот одговор на прашање до каде е потпишувањето на договорот:

-Референцата “македонски јазик“ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот, за други детали обратете се директно кај националните власти, стои во писмениот одговор од Европската Комисија до МИА.

Од Комисијата не беа во можност да одговорат дали ова прашање наскоро ќе се реши и дали тоа има безбедносни импликации за Европската Унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This