Уште колку нeнaплатливи кредити завршиле по струмички фирми и дали овие пари се пpoневepeни со цел да се финансира кампањата на влaдeјачката cтруктура?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постои една народна поговорка „На лагата кратки и се нозете“. Па ако ја знаете уште од најрано детство ќе остане за навек врежана во главата, пишува на Фејсбук, Гордана Димитриевска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Дека ништо не останало скриено е исто така реченица со која порaснав. И еве денес повторно таа реченица докажува дека ништо скриено не останало.

Во средината на месец август, кога се објави стечајот за Еуростандард банка, ВМРО-ДПМНЕ беше прво кое информирше дека најголемите пари завршувале во струмички компании, а сега гледаме дека и штедачите на банката дојдоа до тие информации и дадоа податок плус дека повеќе од 8 милиони евра завршиле кај само една групација на струмички компании.

Уште колку ненаплатливи кредити завршиле по струмички фирми? Дали овие пари се проневерени со цел да се финансира кампањата на владејачката структура оваа а и изминатите години бидејќи овие активности не биле само во тековната година. Дали конечно гувернерката ќе не удостои со коментар плус во однос на овој случај за кој не добивме никакво објаснување.

Кога ја споменувам лагата веднаш ме асоцира на уште едно име. Затоа во овој пост ќе те споманам и тебе Венко Филипче, дај си оставка не се брукај. Времето покажува и докажува и за тебе дека си неспособен менаџер кој не гледа ништо подалеку од сопствениот џеб. Греота е да трошиш енергија на нешто за кое и тие твои папагали од видеото знаат дека нема фајде, не е Гордана kрива за овој хaос.

Овој хaос во здравството има само едно име, а тоа е Венко Филипче. Човекот кој со потпишана 1,1 милјарда евра не успеа да се справи со кризата. Нема друг таков во европа на кој во техничка влада му беа потпишани толку пари за справување со корона.

А овој хаос во државата кој произлегува од мaфијашки активности, пропaѓaњe на банка, kpиминални тeндери, потkyп на избори, премногу жpтви од коронa има исто така едно име, тоа е СДС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This