УШТЕ НЕ ЗАВРШЕНА ИСТРАГАТА ЗА ПРЕТХОДНИОТ: Филипче најави нов тендер за реагенси од 35 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот Филипче не се откажува од 35 милионскиот тендер за набавка на лабораториски реагенси за крвни анализи. Нов јавен оглас ќе биде распишан во текот на наредните две недели, но овој пат, уверува министерот, тендерската постапка немало да наиде на проблеми, и повторно, како пред неколку месеци, посочи дека целта е да се заштедат 5 до 6 милиони евра.

-Ќе заштедиме многу. Огромни пари се трошат за сервис, но и за непотребен број на анализи, кои  се отвараат за мал број на пациенти, поради тоа што едноставно нема капацитет или доволен број на пациенти. Очекуваме да заштедиме најмалку 15 % на оваа огромна сум за три години, токму и тоа е целта, но подготвени сме да ги прекинеме постапките, доколку ова не даде никаков резултат, изјави министерот Филипче.

Тој тврди дека нема да има откази за вработените. Примероци од пациентите ќе се земаат на исто место како и досега. Министерството се откажа од опцијата транспорт на анализите низ цела држава. Анализите ќе се пренесуваат само на ниво на град.

-Се планира систем на транспорт на крв ќе функционира во рамки на градовите, нема да има осум централни лаборатории и систем за транспорт на крв низ државата, ниту повеќе лаборатории во две или три места во помалите места. Во рамки на кампусот во Скопје, и сега се врши транспорт, а транспортерите го прават тоа за специфични анализи, кои ги има само на Институтот за биохемија, а сметам дека е соодветно, делумно да се прошири. Сите специфични анализи кои се вршат на Инфективната клиника, ќе продолжат да се прават таму, вели Министерот Филипче.

Претходниот тендер беше поништен во август, а предизвика низа контроверзи откако се обелодени дека само една фирма се јавила како понудувач, а како подизведувач компанија која била регистрирана четири месеци пред распишување на тендерот. За овој случај предистражна постапка отвори и јавното обвинителство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This