УЈП: Пензионерите не мора да доставуваат годишна даночна пријава до 2024

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До 2024 година се одложува обврската за пензионерите да вршат интернет регистрација за персонален данок, доколку нивните приходи се само од фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

До денеска се пријавени 300 илјади граѓани преку е-регистрацијата, изјави Сања Лукаревска, првиот човек во управата.

„Со новиот закон за личен доход се предвидува во наредните седум години да се одложи обврската за доставување на годишна даночна пријава од страна на УЈП до граѓаните кои оствариле доход само од пензија исплатена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тоа значи дека во даночните периоди од 2018 до 2024 година пензионерите кои не оствариле друг приход освен пензија се ослободени од било каква обврска кон УЈП“, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека до крајот на октомври во електронскиот систем e-personalen danok биле евидентирани 36 илјади граѓани, а до денеска вкупно се пријавени 300.000 корисници. Очекува до крајот на годинава без поголеми проблеми да се заврши обврската, иако вкупно треба да се регистрираат околу 900 илјади даночни обврзници.

За таа намена, како што кажа, се поставуваат мобилни даночни шалтери на УЈП по општините, дури и во најистурените места, а мобилни екипи на Управата ги посетуваат домовите на изнемоштените лица кои не се во состојба сами да се регистрираат и да го однесат документот. Во Скопје за регистрација се достапни сите шалтери во Регионалната дирекција кои работат и после 16:30 часот, како и во сабота, има и даночни канцеларии во Аеродром, Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров, а се очекува да се отворат и во другите скопски општини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This