У Ч K не го слави Св. Кирил и Методиј: Годинава место нас ќе го слават Бугарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во градот Елванген (Ellwangen) околу 90 километри оддалечен од Штутгарт каде што Свети Методиј две и пол години бил затворен поради ширење на ерес секоја година се чествува 24 Мај денот на Свети Кирил и Методиј пред споменплочата на локацијата каде бил затворен.

Секоја година македонската држава испраќа делегација за да го прослави овој голем празник за македонскиот народ, но годинава во прославата учество ќе земат Бугарите, Чесите, Русите и Украинците, но не и Македонците.

Градоначалникот на Елванген Карл Хилсенбек (десно) и македонскиот амбасадор во Германија Ѓорѓи Филипов (лево)

Според извори на Инфомакс од Елванген од почетокот на 80-тите години Македонија со свои претставници редовно учествува на тој настан. Во далечната 1996 година на барање на Македонците во Германија од страна на Владата се поставила и македонска споменплоча.

Градот Елванген поточно градоначалникот за настанот ја известува македонската Амбасада во Берлин и Конзулатот во Минхен.

Градоначалникот на Елванген на изворот на Инфомакс му потврдил дека и годинава и македонските власти биле известени за настанот кој поради пандемијата ќе се чествува онлајн.

-Градоначалникот ми кажаа зошто ние немаме учество во прославата Методиеви денови во Елванген. Пред 6 недели биле известени нашата Амбасада во Берлин и Конзулатот во Минхен, ни едните ни другите реагирале, вели изворот.

И повторно го поставуваме прашањето која држава ја претставува амбасадорот на Република Македонија во Германија.

Да потсетиме на скандалозна фотографија кој се рашири по социјалните мрежи на која се гледа Рамадан Назифи амбасадорот на Македонија во Берлин фотографиран со албанско знаме.

На фотографијата се гледаат и амбасадорите на Косово, Албанија и Македонија со Албанско знаме во Берлин.

Ова не е единствен скандал во кој се споменува името на Назифи. Имено доколку ви треба услуга во македонската амбасада во Берлин, мора да го познавате албанскиот јазик, бидејќи вработените не знаеле да говорат на македонски, тврдат на социјалните мрежи нашинци од Германија. Во статус на Фејсбук, Македонка Димитрова вели со цел да се разбере понудила да зборува на уште три јазици, но вработените го познавале само албанскиот јазик.

-Да прашам нешто… на бројот од Амбасадата на Македонија во Германија се јавува лице кое зборува само албански. Не знам албански, па предложив англиски, турски или француски да зборуваме, толку јас знам… но нашата администрација не знаеше ниту еден јазик од понудените, ниту мојот мајчин јазик?! Што да се прави кога имате итна ситуација во Германија?, прашува Димитрова на Фејсбук.

Нашиот извор од Германија вели дека во моментов и конзулот на Македонија во Михнен е Албанец, а ова е уште еден приме за сериозните проблеми со кои Македонците во Германија.

Генералниот конзул на Македонија во Минхен беше повикан на консултации во Министерството за надворешни работи минатата година, поради содржина на негова објава на Фејсбук, поточно за „честитката на конзулот за ослободувањето на Слупчане“.

На 2-ри мај 2020-та година, Реџеп Демири, конзул во Минхен, на својот Фејсбук профил го честиташе „ослободувањето на Слупчане и Карадакун: Стотици војници на националната ослободителна армија – заземаа точки за да ја заштитат албанската татковина, права и здив насекаде. Засекогаш во нашите сеќавања, маченици на нацијата. Слава им“, напиша завчера конзулот.

Реџеп Демири, инаку е поранешен член на терористичката организација УЧК. Демири, кој работи во МНР, беше дел од УЧК, а Владата на Зоран Заев го постави за генерален конзул во нашето претставништво во Германија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This