April 28, 2024, 11:15 am

Уkината дозволата за работа на адвокатот на Трамп поради давање лaжни изјави за изборна измaма за претседателските избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судот во Њујорк во четвртокот на поранешниот адвокат на Доналд трамп, Руди Џулијани му ја суспендирапе дозволата за работа во државата Њујорк поради давање „лажни и погрешни изјави“ за изборната загуба на неговиот клиент Доналд Трамп.

Суспензијата, која стапува на сила веднаш, е неверојатен удар врз Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк, кој претходно служеше како врвен службеник во Министерството за правда и како американски правобранител на Менхетен.

Исто така, Џулијани е под кривична истрага од истото сојузно обвинителство во Менхетен во врска со неговата работа во Украина.

Џулијани и Трамп од ноември минатата година изнесеа тврдења за легитимноста на изборот на претседател Џо Бајден, тврдејќи дека изборите биле „украдени“ од Трамп со широко распространета измама на гласачките ливчиња во клучните државии.

Суспензијата на Џулијани, кој веќе 52 години работи како лиценциран адвокат во Њујирк, ја бараше Адвокатскиот комитет за поплаки за Првиот судски оддел, кој го опфаќа Менхетен. Суспензијата беше доделена од Апелациониот оддел за истиот оддел на државниот Врховен суд.

Судот, во својот налог за суспензија од 33 страници, истакна дека „привремената суспензија е сериозен лек, достапен само во ситуации кога е веднаш потребно да се заштити јавноста од повредите на адвокатот на Правилата за професионално однесување.

„Констатираме дека однесувањето на Џулијан го загрозува јавниот интерес и наложува привремено суспендирање од правната активност, во очекување на понатамошна постапка пред Комитетот за жалби на адвокатите“

Неговите адвокати Џон Левентал и Бери Каминс изјавија
„Разочарани сме од Апелационата дивизија, одлуката на Првиот оддел за суспендирање на градоначалникот Џулијани која беше донесена пред да добиеме сослушување за наводните прашања“.

„Ова е без преседан бидејќи сметаме дека нашиот клиент не претставува сегашна опасност за јавниот интерес“, се вели во соопштението. „Веруваме дека откако прашањата ќе бидат целосно разгледани на сослушување, г-дин Џлијани ќе биде вратен како ценет член на адвокатската професија што толку добро служел во своите многу капацитети за многу години“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This