ФАЛCИФИKУBAHИ БИЛЕ ЕКОНОМСКИ ПОДАТОЦИ: Мицкоски најави одговорност за фaлcификyвањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Македонското радио изјави дека власта ги фабрикува податоците за макроекономијата, но откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе спроведе истрага и ќе мора да има одговорност за фалсификувањето на СДСМ

– Секоја година за нас е економска од оној ребаланс во 2017 година, 2018 е економска година, 2019 е економска година, ветуваше 5 проценти раст, а нема ни половина. Имаме според наши индиции пиши бриши економија во рамките на државниот заводот за статистика и веднаш при промена на власта откако ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира лице кое ќе го води заводот за статистика ќе докажеме дека и овие параметри на раст на БДП се лажни. Не само што ја лажат македонската јавност туку ги лажат меѓународните финансиски институции бидејќи лажна информација за растот на БДП имплицира лажни информации за процентот на долгот на државата односно лажна навигација на сите оние куќи кои што го определуваат кредитниот рејтинг на државата. Ќе докажеме и ќе има одговорност. Точно знаеме каде да ја лоцираме одговорноста знаеме што се случуваше периодов, знаеме дека луѓе поднесоа оставки од работните места поради овие лажни вести. Ќе има одговорност затоа што не смееме да лажеме, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека додека Македонија не може да ја надмине бројката од 3%, држави како Полска, Балтичките земји, Унгарија па и соседните Бугарија и Србија имаат раст од 5-6 проценти и странски инвестиции кои се мерат во милијарди, а ние не можеме десетици милиони да направиме во првите две тромесечја.

– Бројот на работници во индустријата опаѓа, продуктивноста ни се намалува, капиталните инвестиции ни се катастрофални. И кога имате вакви неуспеси, парите кои сте ги собрале не знаете како да ги потрошите преку капитални инвестиции ќе ги потрошите преку останати трансфери и други политики да ги потрошите мислејќи притоа дека ќе тргувате со поддршката кај граѓаните, нагласи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This