ФАМИЛИЈАРНА ОКУПАЦИЈА НА МВР: Како Заев и Спасовски прават вооружена партиска полиција од членови на СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалите и партиско-семејните врски во МВР продолжуваат да се продлабочуваат додека Оливер Спасовски врши брутална партизација и киднапирање на полицијата, уште од моментот на неговото техничко министерување, кога во полицијата спротивно на законот вработи цели семејства (членови на СДС) како негова вооружена партиска војска, со неограничени овластувања

Ова особено се злоупотребува во предизборната кампања, кога сите вработени во МВР од страна на Спасовски и Заев се ставени во функција на заплашување на народот со цел обезбедување на повеќе гласови на изборите.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

За потребите на локалниве избори 2017 од СДСМ во МВР досега видовме:

– претседатели на политички партии вработени во МВР,

– брачни другари на претседатели на политички партии вработени во МВР,

– брачни другари и другари на потпретседатели во МВР незаконски унапредени во МВР,

– полициски службеници-кандидати за градоначалници,

– брачни другари на полициски службеници- кандидати за советници.

Она што е посебно интересно е користењето на семејното членство во СДСМ за меѓусебно помагање на членовите на потесното семејство при нивното унапредување.

Како посебно карактеристични би ги издвоиле случаите на претседателите на ОО на СДСМ во Брвеница и во Бутел.

Претседателот на ОО Брвеница Јовица Стојановиќ по доаѓањето на власт на СДСМ е назначен за директор на Управата за извршување на санкции, а неговиот брат Сашо Стојановиќ за началник на УБК во Тетово. Ова е типичен пример на партиско-полициски непотизам.

*Спаваш ли мирно Стојко Пауновски 

Претседателот на ОО Бутел Велимир Смилевски е кандидат за градоначалник на оваа општина од редовите на СДСМ. Неговата сопруга пак, Маја Смилевска по доаѓањето на СДСМ на власт е унапредена во Началник за човечки ресурси во МВР како поттик за Велимир да се кандидира за градоначалник. Исто така типичен пример на партиско-полициски непотизам.

Ваквите примери на поделба на функции помеѓу партиските и полициските тела доведуваат до заклучок дека единствениот критериум по кој поаѓа Оливер Спасовски во неговата кадровска политика е партискиот кронизам и потребата да се опкружи со партиски лица. Грдото лице на МВР со овој министер е омразата и сегрегацијата по партиска припадност без да се земат в предвид капацитетите за придонес кон улогата на МВР во заедницата. Најавите за дополнителна брутална партизација на МВР после локалните избори е реална и веќе постојат нацрт концепти со која динамика истото ќе се изведува. Затоа е оваа почетна партизација за најлојалните веќе реализирана.

Дали ќе успее ова МВР:

– да реализира заплена макар и на 5кг кокаин со кој е преплавено Скопје?

– да ја намали стапката на смртни случаи во сообраќајните незгоди?

– да ја спречи спрегата на дел од крим-полицијата и сторителите на кривични дела во игрите без граници со чување на пријави по фиоки?

– да започне со казнување на параполициското однесување при користењето на службените необележани возила при поминување на патарина, непрописно паркирање, неплаќање на паркирање, давање на услуги за приватно обезбедување?

– да започне со санкционирање на спрегата помеѓу униформираната полиција и дрвокрадците на територија на цела Македонија?

Сомневањата дека нема ништо во ова да се успее се основани пред се поради тесната блискост на дел од гореспоменатите спреги со политичките првенци на партиите од коалициското мнозинство. Оливер наместо да спречува, преку Заев помага и поттикнува во толеранцијата на криминалот во Македонија. Многу брзо ќе бидеме сведоци на враќање на рекетарството, лихварството и силеџиството во нашите секојдневија. Оваа полиција нема да заштити никого пред тој налет. Затоа пак можеме слободно да се молиме на Господ да нема ова МВР некаков посериозен безбедносен предизвик по безбедноста и животот на граѓаните. Дури тогаш ваквата поставеност ќе доживее целосен институционален крах да се соочи со таквиот предизвик. – стои во објавата на ФБ групата „МВР партиски штаб“

[/kopa_block_quote]
 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This