„Фантом“ лекар лекувал пациентка со Ковид, по што таа починaлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата истражува кој во домашни услови ја лекувал од ковид починатата пациентка.

Пациент со КОВИД починал во болница само неколку часа по приемот, откако претходно непознат здравствен работник му давал терапија дома, за која не постоела никаква медицинска белешка или евиденција, соопштија од Државниот здравствен инспекторат. Случајот го пријавил вработен во ковид ценатарот каде починал пациентот.

Родинините на починатиот, дале податок дека бил лекуван неколку дена во домашни услови со инфузија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој го пријавил случајот.

– Според сите законски прописи, испектори од ДСЗИ, веднаш по преставката на здравствениот работник, излегоа на терен и утврдија дека матичниот лекар на пациентката и препишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар и дека не е познато кој, на сега веќе починатата и давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај. – се вели во соопштението од Државен здравствен и санитарен инспекторат.

Од здравствениот инспекторат велат дека случајот го пријавиле и во полиција. Но, од каде бил пациентот, на која воразст, во која болница починал и кој е здравствениот работник кој го лекувал дома без евиденција нема информации. Од инспекторатот велат дека во интерес на истрагата засега не може да соопштат повеќе детали.

Претходно дел од лекарите предупредуваа дека дел од пациентите се лекуваат дома на своја рака со инфузиони терапии, по што во болница доаѓаат во тешка здравствена состојба со компликации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This