ФАТЕН НА КАМЕРА: Педофил вознемирува деца во основно училиште во Чаир!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Педофил на велосипед вчера вознемирувал деца во близина на основно училиште во Чаир, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, педофилот сред бел ден пред ОУ„Живко Брајковски“ им зборувал вулгарности на девојчињата, а некои и ги фаќал за задниците. Манијакот истото го правел и пред продавница во близина, но веднаш се оддалечувал со велосипедот. Тој предизвикал вистинска паника кај децата кои се пожалиле на своите родители, како и на наставниците. За случајот била информирана и полицијата.

Од МВР потврдуваат дека непознато лице вознемирувало граѓани.

„Во Полициска станица Чаир е пријавено дека на улицата Хо Ѓи Мин машко лице со велосипед вознемирувало граѓани. Севкторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот“, велат од МВР.

Педофилот бил снимен на безбедносните камери на околните објекти, а од снимките може да се забележи дека станува збор за помладо лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This