РАХИМ СТЕРЛИНГ СТАНУВА НАЈПЛАТЕНИОТ ФУДБАЛЕР ВО АНГЛИЈА: Стерлинг се согласил на нов пет годишен договор со „граѓаните“ од Манчестер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крилото на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг дал согласност да потпише нов договор со клубот, информира „Скај Спортс“.

Ова ќе стави крај на шпекулациите за иднината на талентираниот англиски репрезентативец, чиј сегашен договор истекува за 18 месеци. Новиот договор ќе биде за пет години.

Според „Скај“, претставниците на Стерлинг се согласиле со спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегиристајн. Договорот ќе биде официјално потпишан во наредните недели.

Се шпекулира дека Рахим Стерлинг во иднина ќе заработува околу 300.000 фунти неделно, односно над 15 милиони фунти по сезона. Со вакви бројки напаѓачот ќе стане најплатениот британски фудбалер и еден од најдобро платените во Премиерлигата.

Сити го привлече Стерлинг од Ливерпул во 2015 година, кога за него плати 49 милиони фунти. Од тогаш тој постигна 48 гола во 151 натпревар за клубот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This