Фатиме си призна: 71.400 евра бонуси од СЈО – со другите додатоци и платата 285.000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обидот на Фетаи да ги релативизира своите бонуси преку патните трошоци на пратениците, за кои јавноста жестоко реагираше и сѐ уште реагира, е знак на очај и признание за службената положба. Од друга страна, потврдувајќи ја релевантноста на своите бонуси, Фетаи ги потврди и објавените податоци за дополнителните примања и на другите вработени или ангажирани во СЈО. На потег е Јавното обвинителство, кое треба да отвори истрага според член 353 став 5 од КЗ (злоупотреба на службена положба) и член 354 став 3 (проневера во службата), пренесува Република.

Ова особено се однесува на периодот после јуни 2017 година од кога СЈО, Катица Јанева ниту било кој нејзин помошник-обвинител не се овластени тужители за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, коментра и пратеникот Антонио Милошоски во таа насока.

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска јавно застана во одбрана на дополнителните примања кои ги примале таа и нејзините колеги во СЈО. Во врска со бонусите Фетаи посочи дека тоа се пари за кои претходно се зборувало и на прес-конференциите јавно, како и дека сето тоа е опфатено со Законот за Специјално јавно обвинителство кој беше донесен со формирањето на СЈО.Таа појасни дека износите кој колкава сума ќе добие ги одредувала специјалната обвинителка Катица Јанева, а тоа било согласно законот за СЈО.

Генерално, секој обвинител примил околу 22 илјади евра, што не е многу далеку од примањата за патни трошоци кои ги имаат некои пратеници, изјави Фатиме Фетаи.

Фетаи е најнаградуваната обвинителка. За нејзините услуги Јанева не штедела и изделила 74.400 евра
Сепак, бонусите на Фетаи за повеќе од двојно надминуваат 22 илјади евра. Очигледно Јанева не го криела задоволството од услугите на Фетаи, па за неа не штедела и изделила 74.400 евра. За 4 години по основ на плата, спорни хонорари за доверливост, репрезентации, патни трошоци и дневници, обвинителката Фетаи земала околу 285.000 евра.

Кога сме кај бонусите на специјалните обвинители и патните трошоци на некои пратеници, ја потсетуваме Фатме Фетаи дека токму нејзиното СЈО отвори случај за злоупотреба, познат како „Друмарина“.

Според СЈО во периодот од јуни 2012 до декември 2015, пратеничката во Собранието приложила 843 фискални сметки кои наводно ги зела одејќи на релација од својот дом во Струмица до Скопје, меѓутоа обвинителството има докази дека таа имала сместување во главниот град и дека нејзиното возило поминало 100.000 километри помалку отколку што требало да има изминато ако навистина секој работен ден патувала.СЈО пресметало дека на овој начин Бонева направила измама што го чинела Собранието некаде околу 100.000 евра.

На прес-конференцијата одржана на 19 декември 2017 година Фетаи го презентираше случајот.

Втората истрага под кодно име „Друмарина“ е отворена поради основано соменние дека осомничената, тогашен пратеник во Собранието, сторила кривично дело измама во службата по член 355, став 1 и 3 од Кривичниот законик, а е во врска со користење на право за надомест на патни трошоци за службени патувања со сопствено возило, рече Фетаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This