ФАЈНАНС ТИНК: Продуктивноста во администрацијата oпaднa за 13,3 отсто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Институт за економски истражувања и политики Фајнанс тинк (Finance think) објави инфографик од истржувањето поврзано со јавната администрација во кој се изнесуваат податоци за нејзината големина и продуктивност.

Според оваа анализа, во четири сектори има најголема концентрација на административци: јавна управа и одбрана, образование, здравство и социјала и уметност забава и рекреација.

Бројот на вработени, како што покажува анализата, од 2011 до 2018 година е во постојан пораст. Споредено со 2011, во 2018 година вработувањата во јавниот сектор од овие дејности се зголемиле за 17,2 отсто, речиси исто колку што пораснала и вкупната вработеност во економијата за истиот период (17,6 отсто).

Во истиот период, меѓутоа продуктивноста на вработените во јавниот сектор паднала за 13,3 отсто, додека вкупната продуктивност на вработените во земјата пораснала за 1 отсто.

Институтот предлага неколку мерки за подобрување на состојбата како воведување на сеопфатен систем на евалуација, воведување повеќе скалила во службата, отежнување на унапредувањето, олеснување на деградацијата…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This