„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Франција би можела да го ykине вeтoтo за старт на преговорите со С Македонија и Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Францускиот претседател Емануел Макрон направи „историска грешка“ со ставањето вето на започнување преговори за членство во ЕУ со С Македонија и Албанија, но ова противење на Париз во никој случај не е поврзано со конкретната проценка за состојбите во двете земји кандидатки, туку со фундаменталниот политички проблем што Европа не успеа да го реши од 2004 година: зајакнување на нејзините механизми за политичка интеграција, оценува „Фајненшл Тајмс“.

– Ставот на Франција е совршено јасен: се додека Европа не ги зајакне механизмите за политичка интеграција, неопходни за напредокот на европската интеграција, не треба да има ново проширување, смета лондонскиот весник.

Според „Фајненшл Тајмс“, Франција би можела да го укине ветото за старт на преговорите со С Македонија и Албанија, во замена за прифаќање на нејзиниот предлог – во сферата на надворешната политика и оданочувањето наместо со консензус, одлуките да се носат со квалификувано мнозинство.

Ако биде прифатено ваквото барање на Франција, според весникот, повеќе не би имало причина да се одлага процесот на проширување на ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This