ФЕТАИ ЗА УKИHУBAЊЕТО НА ПPECУДАТА ЗА МИЈАЛКОВ: Haпадот е најдобра одбpaна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Основниот кривичен суд пристигна и обвинителката Фатиме Фетаи. Таа на новинарско прашање на ТВ21 за одлуката на Апелација за укинување на пресудата за Мијалков истакна дека одлуката се уште ја немаат.

Прилично е напаѓачко соопштението, а се знае дека нападот е најдобра одбрана, искоментира Фетаи.

Имено, во соопштението од Апелациониот суд Скопје се вели дека при разгледување за добивање на пресуда се констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна. Во таа насока жалбениот совет констатираше дека утврдените факти што го чинат законското обележје на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите во целост противречат на содржината на изведените докази, а воедно првостепениот суд неосновано се впуштил и утврдувал факти за постоење на кривична одговорност за лица кои немаат својство на обвинети во конкретната постапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This