ФЕЈКЕРИТЕ ОД ВЛАДА, НОСАТ РОЗЕВИ ОЧИЛА: Се фалат дека ,,блескаме”, а 450 илјади граѓани имаат само еден оброк во денот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сиромаштијата е сериозен проблем со кој се соочува нашата држава, Република Македонија. Најновите статистички податоци велат дека бројката на граѓани на Република Македонија кои живеаат во сиромаштија се движи 500 илјади граѓани, а според Државниот завод за статисика, бројката последниве години наместо да се зголемува расте. Ова го говорат и податоците на Државниот завод за статистика.

 

За жал граѓаните и јавноста немаат увид во податоците за 2018-та година бидејќи истите се уште не се објавени, поради која причина останува непознато.

За алармантната состојба со сиромаштијата во Македонија говорат и невладините организации па така минатата година Баже Јосифовски обзнани фрапантен податок кој ја шокираше целата држава.

-Во Македонија имаме над 450 000 граѓани кои не можат да си обезбедат храна или имаат по еден оброк во денот, вели тој.

Највисока стапка на сиромаштија има кај најмладите, односно децата до 17 години,а најниска кај највозрасните, односно постарите од 65 години. 39,7 проценти од невработените, 8,9 проценти од вработените и 7,3 проценти од пензионерите живеат во сиромаштија.

За сиот овој период Владата упорно шири „лажни“ вести како блескаме, а пред една недела на прес конференција во владиниот прес-центар се пофали дека од доаѓањето на власт во 2017-та година, до минатиот месец – јули 2019 – власта предводена од СДСМ успеала да ја намали невработеноста на 17,8%

Невработеноста во C Македонија е намалена од 31% во 2013 – на 17,8% во 2019 година, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев. Тој исто така се пофали дека изминативе 2 години реализирани се скоро 50.000 нови вработувања, доминантно во приватниот сектор.

Но, бројките покажуваат дека она што го презентира премиерот на Р.Македонија не е ништо повеќе од груба манипулација во насока на политичката кампања, која полека но сигурно зема замав во пресрет на редовните избори во декември 2020. година, или евентуално предвремени избори неколку месеци претходно.

Едноставна проверка во системот на Агенцијата за вработување, покажува дкеа бројот на невработени лица во Р.Македонија од 2017.година – годината кога дојде до промена на власта – до месец јули е намалена за, ни помалку ни повеќе – 200 лица. Значи, владата успеала да направи услови за вработување на само 200 лица. Толку, ништо повеќе, ништо помалку. Двестотини лица за неполни три години власт.

Власта се фали дека блескаме, но очигледно е дека тоа не е баш така, време е Владата да ги симне розивте очила, а за да ги засука ракавите веќе е доцна. Доста беше фејкери!

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This