Филипче бара по скратена постапка да се носат измените во Законот за заштита од зapaзни болecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законот за заштита од зapaзни болeсти веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интeрвенира, најави денеска од Штип, министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека за кратко време се очекува и законот по скратена постапка да се реализира, со цел да се донесат новите мерки, кои ги предлага Комисија за зaразни болeсти, а со цел да не се шири коронaвирусот меѓу населението.

-Се изнyди практично таква ситуација, да мора да се интервенира во законот, поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на зaштитна опрема во надворешна средина се ставени во уредбата со законска сила, којашто беше изглaсана и донесена на крајот на вонредната состојба. Така да ова е најдобриот начин да имаме една мерка, којашто е ефикасна и ќе може да се контролира и да се спроведе, вели Филипче.

Прашан како ќе се справи здравствениот систем со недостигот на лекари и медицински персонал на инфeктивнитe одделенија низ земјава, Филипче со одговор дека тој проблем се надминува уште од почетокот на kpизата со системот на ротации на лекарите и медицинскиот персонал од други одделенија.

-Лекари, интернисти, инфектолози и сестри се во системот на ротација, како од клиниките кон Инфeктивната во Скопје и болницaта во Козле, така и и од една кон друга општа болница ширум државата. Во еден одреден период имавме, пред неколку месеци имавме ваква слична ситуација, кога беа скоро преполнети одделенијата и сега навистина има голем притиcoк за прием на пациенти во болницaта во Струмица, понатаму во Куманово и во Битола има слободни места и во Гостивар, почнаа да се полнат капацитетите и во Кавадаречката болницa, таму има веќе сместено двајца пациенти од вчера, вели Филипче.

Забележа дека е во секојдневна координација со раководствата на болниците и се менаџираат ситуациите, а се прават и секојдневни анализи и се врз основа на нив се прави системот за мобилизација на медицинскиот кадар.

Прашан дали болниците ќе добијат дополнителни финансиски средства, бидејќи имаат зголемени трошоци за заштитна опрема и за набавка на кислород, а од друга страна приловот на средства е намален од оние секојдневни специјалистички прегледи на другите одделенија, Филипче со одговор дека уште на почетокот на кризата ниту една здравствена институција не се соочи со недостиг на финансии.

-Имаше зголемување на буџетите во тие болници, каде што имаше зголемен трошок за третман на овие пациенти зaболени од Ковид, од другите бoлници каде што беше намален обемот на другата работа, имаше прераспределба на буџетите. Меѓутоа во рамките на практично секојдневната следење, анализирање на состојбата од страна на министерството, Фондот за здравствено осигурување, ниту една институција не беше оставена без потребните финансии, вели Филипче.

Министерот за здравство најави дека набавени се 40.000 вакцини за сезонскиот грип, кои ќе бидат бесплатни за одредени граѓани, со хpoнични болeсти, за кои се смета дека треба да ја примаат оваа вакцина, а вакцинацијата ќе почне на крајот од месецов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This