Филипче ги соопшти новите мерки: Дел од администрацијата ќе работи од дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот.

„Анализирајќи ги сите овие нови бројки на заразени во минатите недели, за утрешната седница ќе предложиме сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на јавниот превоз до 50 проценти, препорака до јавната администрација, општините и судовите, работниот процес да се одвива во смени или оналајн од дома“, рече Филипче.

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени минатите недели, капацитетите во болниците во Струмица, Куманово, Штип и Прилеп се веќе исполнети, а отворено е уште едно крило во болницата во Битола. Забрзано се полнат кацитетите и во болницата во Гостивар.

„Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час. Да смогнеме сили сите да го избегнеме сето ова“, порача Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This