Филипче: Градинките може да почнат со работа уште во септември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сега ми е навистина тешко да кажам, меѓутоа сметам дека градинките може да почнат уште во месец септември, изјави министерот Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање од кога би можеле да почнат со работа градинките.

Тој рече дека за протоколите за тоа како да се организира работата е е разговарано уште пред неколку месеци, а земени се предвид и модели од други држави. На последниот состанок на Комисијата за заразни болести, пак, се разговарало за тоа како ќе се постапува ако некое дете има температура.

„На последниот состанок на Комисијата за заразни болести зборувавме и за алгоритмот како би постапувале кога би се појавило некое дете со покачена телесна температура. Во таа смисла, имавме заеднички состанок со сите директори на Центрите за јавно здравје во државата. Да се знае како ќе биде комуникацијата помеѓу градинката, центарот за јавно здравје, матичниот педијатар и како ќе се известуваат и по кој алгоритам и кои родители, на кои деца во истата група или на другите, согласно проценетиот ризик од епидемиологот. Така што, сме размислиле и сме дискутирале и сме ги расчистиле дилемите за сите аспекти во однос на почетокот на работата на градинките. Така што, потребно е само на владина седница да се донесе соодветна одлука по предлог на Министерството за труд и социјална политика за точниот датум за почеток на работат“, вели Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This