Филипче: До 15 мај сите пријавени ќе добијат термин за вaкцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 160.000 граѓани кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk, а кои се уште не се вакцинирани некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација без разлика на возраста, вели министерот за здравство Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа.

-Сега со пристигнувањето на оваа значајно голема количина на вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот Синофарм и количината од 500 илјади вакцини од производителот Синовак до крајот на месец мај, значи една значајно голема количина, која ќе се дистрибуира по овие два канали кои што ги спомнав, решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација преку СМС порака или меил со точно време и пункт каде треба да се јават.

Тоа значи дека и помлади ќе добијат?

– Апсолутно, тоа значи дека ставаме приоритет на тие кои покажале интерес за вакцинација и затоа апелирам граѓаните да се пријават на сајтот и да ги има во системот Мој термин за да може понатаму да се креираат тие приоритети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This