ФИЛИПЧЕ Е „ПЕЧЕН“ ЗА ОСТАВКА: Таравари го повика Филипче да си поднесе оставка – досега немало ваков сакндал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик-министерот за здравство Асин Муса одбил да гостува го емисијата „Отворено студио“, која се емитува на телевизија Алфа. Причините поради кои тој не приствувал се тоа дека тој како заменик-министер не знаел што се случува во министерството и не сакал да целиот товар го сноси тој. Покана добил и министерот за здраство, Венко Филипче, но тој бил на службено патување, па од телевизијата велат дека ќе се прилагодат на неговото време за да може тој да гостува.

-Пред еден месец еден мој пријател ми кажа точно кој ќе го земе тендерот од 36 милиони евра во здравството, и тоа денеска се случува. Значи тие што ова го организирале, а се вика злосторничко здружување, тие биле толку комотни во елабораците, во стратегиите. Министерот за здравство не може да го исчисти Клиничкиот центар , па ќе се дрзне да направи таква работа што ќе влијае на пациентите е повеќе од недозволиво, изјави Стевче Јакимовски кој исто така беше гостин емисијата.

Јакимовски потенцираше дека ова е пареклеланс тендер бидејќи тука е вмешан премиерот, владата, министерот, посредници и фирми.

Освен Јакимовски, гостин беше и поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, кој осум месеци беше на чело на за здраство и истакна дека здравството сега се наоѓа во позиција во која вториот човек во ресорот нема никаква информација за тендер кој е вреден повеќе од 35 милиони евра.

Во текот на гостувањето Таравари спомна дека минатата година се правело анкета за тоа колку граѓаните имаат доверба во министерства. На таа анкете минатата година министерството за здраство били на прво место, и тоа пред премиерот. Но, сега министетсвото за здраство се наоѓало на трето или четвро место од долу на листата.

Таравари истакна дека оставиле министерство со најголема доверба, а сега е меѓу последните на листата.

-Ова е таман работа за оставка. Ова е скандал. Досега оваа влада, оваа година немала поголем скандал од ова. И поголема причини од оваа за оставка, не знам дали може да има, изјави Таравари.

Таравари изјави дека во последните три месеци од државата се иселиле 110 доктори и ова било најголемо иселување во последните десет години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This