ФИЛИПЧЕ: Зaдoлжително да се почитуваат препораките за зaштитa од кopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните треба задолжително да ги почитуваат општите мерки, препораки, задолженија и одлуки на Владата, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

За овој вирус, посочи, нема правила и многу е тешко да се претпостави што може да се очекува и дали кај некој може да се развие оваа болест.

– Досега сите пациенти кои беа позитивни на коронавирус се со лесна до средна клиничка слика, а само една пациентка е на респираторна машина. Повозрасните се во ризична група, истакна Филипче одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Потенцира дека МВР е вклучено во контрола и проверка дали се почитува самоизолацијата, ќе се интервенира и граѓаните кои нема да ја почитуваат ќе се казнуваат. Полицијата, нагласи, може да постапува, реагира, интервенира ако угостителските објекти не ги почитуваат мерките.

Во врска со редуцираниот автобуски превоз во главниот град, Филипче рече дека дека тоа е поради намалената фреквенција и циркулација на патници и согласно дел од мерките, како што е неодење на работа. Доколку се детектира зголемување на патниците, Филипче појасни дека автобуските линии ќе бидат вратени. Потенцира дека за тоа утре ќе разговара со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Најави дека утре или задутре на јавноста ќе и бидат соопштени економските мерки

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This