Филипче: Имаме подготвен систем за непречено да се одвива вакцинацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во 24 Анализа, истакна дека за сите лекови и вакцини како и за вакцините против Ковид 19, се води сметка дали се соодветно испитани, имаат соодветни сертификати за квалитет и дали се потврдени од регулативните тела за конторла на лекови.

Според најавите од Ковакс механизмот, министерот рече дека две пратки на вакцини од Астра Зенека треба да стигнат на 31 март и 15 април, но укажа дека може да има и каснење, истото го потенцираше и за кинеските вакцини кои исто според најавите на производителот се очекуваат да стигнат на крајот од месецот.

– Она што е важно е дека навремено пристапивме, навремено ги почнавме комуникациите и сега практично секојдневно комуницираме. Колкав е капацитетот на производителите и на овие колективни механизми така ние ќе ги добиеме и тие вакцини. Важно е дека системот е спремен, точно знаеме како ќе се спроведува вакцинацијата и сега вакцинацијата со здравствените работници тече без никаков застој што ни укажува дека ситемот е навистина подготвен – рече Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This