Филипче кpeна бeлo знaмeнцe: Cocтојбата не е стабилна туку се влoшyвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Состојбата со коронавирусот кај нас, како и насекаде во Европа и во многу земји во светот се влошува како завршува летото. Велика Британија, Франција, Шпанија, Чешка, Холандија се меѓу земјите кои се подготвуваат да имплементираат нов пакет рестриктивни мерки во обид да се спречи ширењето на коронавиурусот во овие земји.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека британската Влада планира дури и воведување нов национален карантин.

Шкотска упати предупредување до своите граѓани за тешки, но неопходни рестрикции. Во Израел тоа веќе е на сила, затворени се училишта, градинки и трговски центри. Франција исто така ги заострува мерките. Меѓудругото ќе бидат забранети дружења и посети меѓу домакинствата. Ова е нешто што го најавувавме неколку пати и посочувавме дека месец септември може да биде почеток на еден нов есенски бран, додаде Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This