Филипче: Не можеме вечно да живееме со рeстрикции, граѓаните мора да се вакцинираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пораст на бројот на новозаразени има, но не и мерки во земјава. Засега, само се зборува за евентуалните мерки коишто може да бидат воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани. Не може да ни се повтори сликата од лани со сите тие заострени ограничувања, уверува министерот за здравство Венко Филипче во изјава за Телма.

Министерот за здравство објаснува дека голем удел во бројот на новозаразени периодов се патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на Делта-варијантата се утврдува дополнително.

Најдобра заштита против Корона вирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции, вели Филипче и затоа смета дека тоа е доволно за граѓаните да бидат свесни дека треба да се вакцинираат.

Вирусот во изминатата година е виновен за илјадници смртни случаи насекаде па и кај нас и министерот е со став дека смртноста е еднаква насекаде во регионот.

Во болниците се спроведуваат сите протоколи на лекување, уверува министерот и дополни дека здравствениот систем и во моментов е подготвен да одговори на евентуален нов бран на зараза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This