ФИЛИПЧЕ НЕ ПРИЗНАВА: Пациeнти му умиpaaт чекајки резултати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во „Топ Тема“ гостуваше министерот за здравство, Венко Филипче кој што говореше за состојбата во Македонија предизвикана корона вирусот. Водителката го запраша кој е виновен за случајот со починатиот полицаец од Куманово, кој наводно според укажувањата од роднините резултатите ги чекал неколку дена од тестирањето.

„Тоа не ги ограничува луѓето и ние имаме примери во кои што директно и луѓето знаат, граѓаните знаат, пациентите знаат дека во било кој момент можат да се јават во болничка установа. Ако здравствената состојба е таква, да има потешкотии и со дишењето да има, и повеќе денови покачена температура, секако дека ќе се јавата во болничка установа. И тоа е текот“, нагласи Филипче.
Водителката посочи дека луѓето што пишуваат и се жалат на доцнење на тестови се јавуваат и во болнички установи. Но велат дека им зеле брис и за жал го чекаат со денови. И тоа исто се случило и со полицаецот од Куманово.

„Било кој пациент има симптоми воопшто не треба да чека резултат од брис. Или да му биде закажан брис ако клиничката слика наметнува потреба да човек се прими во болница па ние имаме голем број на случаи така што се дијагностицираат после приемот во болничка установа“, појасни Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This