Филипче: Не се размислува за лokален кapaнтин во Тетово и покрај зголемениот број за зapазени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната прес-конфереција, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека засега не се размислува за никакви регионални мерки, односно за карантин на Тетово, откако вчера беше објавено дека семеен кластер и една прослава довеле до зголемување во бројот на заразени.

Филипче посочи дека ставени се во изолација четворицата заразени со бразилскиот сој на вирусот, додека пак, за делта-сојот вели дека нема пријава за нови случаи.

„Присутни се два, три соја на вирусот и тоа што е битно дека принципите се исти – вакцинацијата и превенцијата која важи за сите соеви…Принципите на превенцијата се истите и без разлика кој сој на вирусот ќе дојде ќе останат исти – маската, дистанцата, дезинфекцијата на рацете и ние не можеме да живееме затворени. Граѓаните мора да го имаат ова на ум и да имаат на ум дека станува збор за нивното здравје и кога е во прашање вакцинацијата, но и кога се во прашање превентивните мерки“, додаде министерот.

Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во Тетово и е во комуникација со локалниот центар за јавно здравје по зголемувањето на бројот на заразени од Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Според првичните информации, зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластера. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство, кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид-позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти како би можело да се спречи создавање кластери поврзани со двата постојни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This