Филипче нajaвyвa вoвeдyвaњe нa нeкaквa pecтpикциja зa дa ce cпpeчи eceнcкиoт бpaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гледајќи дека веќе нема голем интерес преку системот за закажување термини за вакцинација, а во светот веќе почнаа да се појавуваат нови мутации на коронавирусот, принудени сме да почнеме да размислуваме за воведување на некаква форма на рестрикција со цел да се спречи есенскиот бран на пандемијата, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Опаѓа интересот на граѓаните да закажуваат термини за вакцинација, па затоа ние веднаш почнавме да спроведуваме теренска вакцинација. Во светот се појавуваат нови мутации на коронавирусот и потребна е масовна имунизација на населението. – истакна Филипче.

– Свесни сме дека можеби интересот нема да се зголеми во следните неколку месеци, па затоа размислуваме за воведување некаква форма на рестрикција. На пример, вакцинален сертификат да мора да се приложи на сите настани со масовно присуство на отворено или на затворено. Тоа значи дека невакцинираните лица нема да можат да влезат на некој културен или спортски настан каде што присуствуваат повеќе луѓе – рече Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This