Филипче: Ова е голем предизвик кој засега добро го менаџираме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изјава за медиумите при денешниот престој во Прилеп, министерот Венко Филипче рече дека е точно оти има поголем број пациенти, посебно во болницата „8 Септември“ и на Инфективната клиника, како што рече, проблем со кој се соочуваме деновиве, и затоа почнала ротација на лекари и сестри од сите јавно-здравствени установи во државава.

Во овие две клиники има сосема доволен број слободни кревети и пристап до респираторни машини. Предвидени се и други институции кои сега се слободни. Има слободни места и во Модуларната болница до Инфективната клиника, и во „8 Септември“ и во сите други болници каде има инфективни одделенија. Следната недела почнува циклусот на испишување пациенти зашто поминал периодот од три недели од почетокот на овој бран и нивното лекување веќе привршува. Така што, сметам дека тоа е голем предизвик кој засега добро го менаџираме – смета Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This