Филипче: Сметам дека децата од прво до трето треба да одат на училиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Венко Филипче се уште недонесената одлука за тоа како и кога ќе се одвива училишната настава во новата учебна година ја оправдува со вистинската енигма за тоа како ќе се однесува епидемијата наесен.

„Не знаеме каква есен нè чека, мора да бидеме внимателни особено со децата. Полошо сценарио значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои ги окупираат истите одделенија на кои сега лежат пациенти со Kовид-19. Се подготвуваме за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки,изјави Филипче воденешното интервју за МКД.мк.

Филипче му дава поддршка на предлогот на Комисијата за заразни болести до трето одделение наставата да биде со физичко присуство во услови кога училиштата би биле речиси празни, а другите да бидат со онлајн-настава.

„Се соочуваме со еден период во кој во ниту една земја во светот не се знае што ќе биде. Не знаеме каква есен нè чека. Дополнително сезонски грип, колку пациенти ќе има… Така што, мора да бидеме внимателни особено со оваа категорија“, вели тој.

Министерот дебатата помеѓу родителите дали треба да се пуштат децата на училиште му ја препушта на Министерството за образование и наука, а тој лично смета дека учениците од прво до трето одделение треба да одат на настава со согласност на родител. Доколку не, алтернативата би била онлајн за тие кои не сакаат да ги пуштат во училиште.

„Подобро е и поважно да биде детето здраво во период кога не ги знаеме околностите во однос на вирусот, а сѐ друго може да се надомести. Здравјето тешко“, вели Филипче

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This