Филипче: Ќe бидaт нaбaвeни 800 илjaди вakцини пpoтив Koвид 19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аплициравме за вакцината против Ковид-19 преку Ковакс механизмот и имаме пристап до соодветна количина за вакцинирање на населението, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Се одлучивме, посочи министерот, тоа да биде 20 проценти според препораката на комитетот за имунизација, по две дози тоа се 800.000 дози за кои веќе аплициравме.

Вчера се одобри нашето количество таму. Првата вакцина која ќе стигне на пазарот ќе биде еднакво дистрибуирана меѓу сите земји-членки кои аплицирале преку Ковакс механизмот. Значи кога ќе ја добијат развиените земји тогаш ќе ја добиеме и ние, додаде Филипче одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на производствениот капацитет на првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This