Филипче: Macoвната вakцинација ќе започне нajвepoјатно со вakцината на Астpa3eнека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Масовната вакцинација на населението ќе започне или со вакцината на АстраЗенека или со кинеските вакцини, а ќе биде објавено кога со сигурност ќе има информации дека тргнале вакцините кон нашата земја.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општата болница во Кочани.

Секојдневно во комуникација. Производителите се соочуваат со предизвик да ги испорачаат потребните вакцини ширум земјата. Имаме некакви најави и тие најави се за крајот на месецот, првите недели на април, но повторно, имајќи го искуството од досега, искуството од останатите земји, искуството со Ковакс системот, сите тие соочени со тој предизвик, тогаш кога ќе бидеме информирани сигурни дека тргнале кон нашата земја ние тоа ќе го објавиме – изјави Филипче.

Оцени дека вакцинацијата на здравствените работници се одвива добро и дека кога таа ќе заврши ќе имаме сериозно висок процент на вакцинирани здравствени работници, особено на оние што работат со ковид пациенти.

Онаа прва група вакцинирани здравствени работници од 4000 доктори се вакцинираше целосно и таа група се ревакцинира со вакцината на Фајзер. Дополнително со руската вакцина уште 700-800 лекари од 3000 треба да завршат. Буквално во сите болници, ЈЗУ, лаборатории, ПЗУ, матичните лекари, стоматолози…, сите категории здравствени работници се вакцинираат со динамика која самите ЈЗУ ја даваат, односно сите што работат со пациенти заболени од ковид. Вакцинацијата добро се одвива и кога таа ќе заврши ќе имаме сериозен висок процент на вакцинирани здравствени работници посебно оние што работат со ковид. Ќе бидат сите заштитени да можат како најкритична група посебно сега соочувајќи се со овој бран да работат заштитено – истакна министерот за здравство.

Случаи на церебрална синусна венска тромбоза во многу земји доведоа до запирање на вакцинирање со АстраЗенека.

Од безбедносни причини, во Германија привремено е стопирано вакцинирањето со АстраЗенека, по појавата на седум случаи на редок вид тромбоза кај лица кои кратко претходно биле вакцинирани со вакцината АстраЗенека. Три од случаите, пријавени кај Институтот „Паул Ерлих“, имале смртни последици. Ова е познато досега:

По употребата на 1,6 милиони дози на вакцината АстраЗенека досега има седум случаи на т.н. синусна венска тромбоза. Кај засегнатите пациенти истовремено е констатирано намалување на бројот на крвните плочки, што може да влијае врз згрутчување на крвта.

При синусна венска тромбоза настанува зачепување на вени во мозокот преку кои нормално крвта сиромашна со кислород треба да оди кон срцето. Доколку крвта не може да протекува непречено, во мозокот расте притисокот и можни се натамошни крварења. Во најлош случај, синусната венска тромбоза води до смртоноси мозочни удари, пренесува Дојче Веле на Македонски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This