April 28, 2024, 12:30 pm

Филипчe: Ќe ce мeнyвaaт зaкoни за да се спpoведат нoвите мepки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема потреба од нови рестрективни мерки, Комисијата за заразни болести минатата недела ги предложи, но ќе мора да почекаме за да се донесат измените во Законот за заштита на населението од заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе; како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот, односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено, овие мерки ќе влијаат на овој бран со кој се соочувам, но мора да се смени Законот за да може да се спроведат и инстутциите да го котролираат. Најбрз начин за да се реагира е амандмански бидејќи законот е во собраниска процедура. Следните мерки кои би се спровеле би биле рестрикции во користање на јавниот превоз и скратено работно време на угостителските објекит, изјави Филипче.

Тој најави дека вакцината за Ковид-19 во земјава се очекува да пристигне кон крајот на годинава или во почетокот на следната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This