ФИНАЛЕ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Почнува третата и последна фаза од постапката за промена на Уставот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собраниската Уставна комисија денеска ја почнува дебатата за амандманите. Првично беше закажана за вчера, но расправата се одложи. Ова е трета и последна фаза од постапката за промена на Уставот.

Комисијата треба да ги разгледа четирите нацрт- амандмани, извештајот на Владата поднесен по одржаните јавни расправи, како и предлог- уставниот закон за спроведување на амандманите.

Парламентарни партии во оваа трета и последна фаза имаа право за поднесување амандмани на уставните амандмани, за што рокот беше до саботата доцна попладне.

По јавните дебати нема големи промени на четирите амандмани. Одлуките на АСНОМ се предлага да бидат ставени како „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од првото заседание“. Во предложениот амандман 36, во однос на грижата на дијаспората се вметнуваат и заедниците во согласност со опозициските партии на Албанците.

Останува неизменет и амандманот што се однесува на промена на името Република Македонија во Република Северна Македонија, како и амандманот 35.

Собраниската седница на која конечно треба да бидат изгласани амандманите претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека се очекува да биде закажана по Божикните празници, најрано на 9-ти јануари.

Се очекува целиот процес на уставни измени да биде завршен во средината на јануари. Уставните амандмани се носат со двотретинско мнозинство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This