Финска, и покрај препораките, целосно ќе ја прekине вакцинацијата со АстраЗенека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Институтот за јавно здравје на Финска денеска соопшти дека ја суспендира употребата на вакцината АстраЗенека на неодредено време, иако повеќе европски земји денеска ја прифатија препораката на Светската здравстена организација (СЗО) и Европската агенција за лекови (ЕМА) истата да се користи оти не го зголемува ризикот од тромбоза.

Институтот соопштил дека проценува дека истрагата ќе трае најмалку една недела, по добиени извештаи за два случаи на згрутчување на крвта кај луѓе вакцинирани со АстраЗенека во Финска.

Данска, Норвешка и Шведска денеска објавија дека им треба повеќе време за да одлучат за повторна употреба на вакцината, иако европскиот регулатор вчера процени дека придобивките од вакцината се поголеми од можните ризици.

Од друга страна, словенечкиот државен врв денеска ја прими вакцината на Астразенека со цел да ја врати довербата на граѓаните во вакцината, исто како и францускиот премиер, Жан Кастекс и неговиот британски колега, Борис Џонсон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This