Фиjacко во судницата: Миле Јанакиески и го урна целиот случај на Стефанова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Плацот на Водно на кој обвинителството тврди дека Никола Груевски сакал да гради „барокна куќа“ го поседувала фирмата ИТК Инженерин во сопственост на секретарката Александар Ивановски попознат под прекарот Алек – Теранова.

Попладнево во судницата се случи вистинско фијаско на обвинителството со оглед на фактот што екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој беше повикан во својство на сведок на обвинителката Лиле Стефанова го урна целиот случај.

Токму фирмата на секретарката Алек – Теранова која го купила земјиштето на јавно надавање планирала да гради на локацијата семејна куќа, а не како што тврди обвинителството екс премиерот Груевски.

За иронијата да биде уште поголема на јавната лицитација за конкретното земјиште учествувале само две фирми од кои едната ИТК Инженери е во сопственост на Taтјана Стојанова секретарка на бизнисменот, а другата е во сопственост на Алек – Теранова, Порта Инженеринг со што дефакто се покажува интересот на бизнисменот за овој конкретен плац.

-Колку што можам да се сетам во овој временски период во министерство за транспорт и врски имавме склучено договори со над илјада правни или физички лица по пат на јавно надавање. Една од компаниите која учествуваше во постапка на јавно надавање, а потоа како најдобар понудувач министерството за транспорт и врски склучи договор со оваа компанија за изградба на семејна куќа на потегот на Водно. И од таму ми е позната оваа компанија бидејќи како министер за транспорт и врски имам потпишано договор.

Јанакиевски во детали ја објасни и целата процедура за купување на земјиште посочувајќи дека во постапката немало ништо спорно.

-На кратко ќе ја објаснам самата процедура која за конкретната парцел по ништо не се разликуваше од останатите јавни надавања. На кратко секторот за градежно земјиште или пак преку комитетот за градежна експанзија се расчистуваа локации со цел истите да одат на јавно надавање, најчесто информациите ги добивавме преку градоначалниците на општините кои беа гости на комитетот на за градежна експанзија во кој членуваа како постојани членови над 15 претставници на институции вклучително Агенција за катастар, државно правобранителство, Управата за имотно правни работи, Министертство за транспорт и врски, Министертсво за финансии итн.

Јанакиески истакна дека за конкретното земјиште бил контактиран од бизнисменот Ивановски кој бил заинтересиран да го купи, но разговорот бил чисто информативен, односно тој се интересирал за законската процедура како би можел да учествува во надавањето.

-За ова земјиште ме контактираше лицето Александар Ивановски попознат како Алек Теранова и ме прашуваше од аспект на законските одредби, како тече постапката за јавно надавање, што следи потоа, јас му објаснив кои се законските одредби од аспект на учество во постапката за јавно надавање. Се сеќавам тогаш дека новина беше елктронскиот систем за јавно надавање бидејќи претходно физички се одвиваше јавното надавање, односно заинтересираните компании одеа во министерство за транспорт и врски, а некаде по 2011 година тоа се правеше електронски. И голем број на заинтересирани правни и физички лица пристапуваа до мене или службите се со цел да се дообјасни целиот процес на јавно надавање. Како што кажав и претходно.

Во однос на прашањето дали Јанакиески бил контактиран од екс премиерот Никола Груевски за конкретната локација, Јанакиески истакна дека од страна на тогашниот премиер постоел голем интерес за потенцијални инвеститори на државно земјиште како дел од иницијативата за градежна експанзија на ниво на Македонија па така во еден краток период на барање на Груевски, Јанакиески детектирал 40 можни локации за изградба на бензиски пумпи со цел да се зголеми нивото на инвестиции во земјата и да се отворат нови работни места.

Јанакиески потврди дека за конкретната локација на Водно бил контактиран од Груевски со цел да се најде инвеститор бидејќи се работело за државен интерес, што впрочем било пракса и за други локации ширум државата имајќи во предвид дека екс премиерот барал лично од Јанакиески и останатите министри да анимираат инвеститори ширум државата со цел подобрување на економската клима и инвестициите.

Локацијата на Водно му била понудена и на познатиот бизнисмен од Кавадарци Илија Гечев со кој Јанакиески истакна дека се познава преку активностите на министерството и средбите со стопанските комори. Екс министерот за транспорт и врски истакна дека Гечев бил постојано заинтересиран да инвестира во Македонија, а Јанакиески како можна локација за инвестирање му ја понудил токму конкретната локација на Водно за која се води овој судски спор.

Екс минстерот напомена дека како за оваа локација тој анимирал инвеститори и за други локации се со цел да привлече што е можно повеќе инвестиции.

Објаснувајќи ја постапката по јавото надавање, Јанакиески потенцираше дека министерството го следело понатамошниот процес односно исполнувањето на обрските на инвеститорот од договорот во конкретниот случа ИТК Инженеринг во сопственост на Ивановски, напоменувајќи дека во самиот договор има определен рок да се издаде одобрение за градба и во определен рок да се заврши самата градба.

На прашањето дали некој побарал од него да се склучи анекс на договор за конкретната локација, Јанакиески напомена дека за оваа локација и уште 100-тина локации ширум Македонија се склучиле идентични анекси бидејќи со измените на Законот за градежно земјиште во 2012 година за различни типови на објекти се пролонгирал рокот за градење, а законските измени следувале бидејќи како Влада увиделе дека има инвеститори на голем број локации кои не можат да го постигнат рокот за градба од првичниот договор.

Целта на ваквото продолжување на роковите било со цел да се избегнат скапи спорови во кои би учествувал државата со оглед на обемот на инвеститори кои не можеле да ги постигнат однапред определените рокови меѓу кои се наоѓала и фирмата ИТК инженеринг на Александар Ивановски попознат како Алек Теранова која била инвеститор на локацијата на Водно.

Од сведочењето на Јанакиески може да се заклучи дека Груевски бил исклучително заинтересиран и посветен на начинот накој се врши урбанизација на државно земјиште со единствена цел успешна на проектот за градежна експанзија.

-Во самата комуникација диксутиравме во однос на начинот на урбанизација. Во таа прилика му објаснував за планските апсекти како може да се урбанизира едно земјиште на пример големина на парцела, начин и постапка соогласно Закон за парцелизација на едно конкретно земјиште. Конкретно колку што се сеќавам дискутиравме како е начинот и постапката за урбанизација на куќи. Како едно земјиште би можело да се подели на повеќе градежни парцели. Колкав е минимумот во однос на стандардите, неговите прашања беа објаснување законско или подзаконско од она што беше мој делокруг на работа. Исто така во тој период во фаза беше изготвување на Генерален урбанистички план, кој се носи на секој 10 години. Беше донесен 2002, 2012 и сега треба да се носи во 2022 година и со ГУП на некој начин се определува генералната урбанизација на Град Скопје во наредните 10 години и во таа прилика зборувавме, односно ме прашуваше за законските процедури за носење на ГУП итн. Таа дискусија беше околу процеост на урбанизација кој го објаснив, вели Јанакиески.

Јанакиески посочи дека во конкретниот разговор со Груевски разговарале за локации ширум Македонија, но и за урбанизација на делови од Водно.

Интересно е што токму сопственикот на земјиштето за кое се води оваа постапка не е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, а во истиот случај се обвинети најголемите политички противници на премиерот во оставка, Зоран Заев.

Во случајот се обвинети екс премиерот Никола Груевски, бизнисменот Орце Камчев и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, но не и лично Алек Теранова.

Иако Мијалков, Камчев и Груевски се обвинети за перење на пари, денес во судницата од сведок дознаваме дека токму бизнисменот Алек Теранова отворил фирма во Белизе преку која перел пари.

Денеска во судот сведочеше Менка Марковска, сведок на обвинителството која е вработена како адвокат во адвокатското друштво Чупич и Марков.

Таа посведичи дека адвокатот Серјожа Марков кој и е работодавач ја повикал во канцеларија, а таму бил присутен и Алексадар Ивановски – Алек Теранова.

На тој состанок Серјожа ја запознал со Ивановски и и посочил дека треба да се направи фирма со странски капитал која тој ќе ја финансира.

Адвокатката ја побарала потребната документација на што добила одговор дека истата ќе ја обезбеди Ивановски.

Претходно превид на надлежната обвинителка во предметот „Плацеви на Водно“, Лиле Стефанова, ја откри уцената под која се наоѓа главниот сведок Ивановски.

При презентирање на докази во врска со основање на фирмата „Сирах Инженеринг Лимитед“ од Белизе, Стефанова презентираше копија од лична карта на основачот на компанијата Ристо Новачевски, но, по греша и патната исправа на Александар Ивановски кој во случајот не е обвинет, туку е сведок на обвинителството.

Проблематично е тоа што до сега не се знаеше под кои околности Алек „Теранова“ е сведок, а не обвинет во истата постапка, иако против него се водела истрага, како што ненамерно денес покажа и Стефанова.

Документите за лицитацијата на спорниот плац на Водно и доказите дека и двете фирми кои учествувале на лицитацијата се во сопственост на Алек Теранова или на негови блиски соработници утре ексклузивно ќе бидат објавени на Инфомакс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This