Фиpмaтa нa бpaтoт на Љупчо Николовски направила pacт нa пpихoди зa нeвepojaтни 2100%, a oд дpyгa cтpaнa нoви 55 илjaди лицa ocтaнaлe бeз paбoтa во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Македонија бележи нови 55 илјади невработени, вицепремиерот за (анти)корупција Љупчо Николовски се крие и не одговара како е можно фирмата на неговиот брат да бележи раст на приходите за 2.100 % за само една година?, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Елон Маск нема ваков раст за една година, каков што успеала да направи фирмата на братот на Љупчо Николовски. Заради ваквите екстра богатења на лица блиски до власта на Заев, Македонија тоне во корупција. Љупчо Николовски нека не се крие и нека каже каков бизнис прави оваа фирма, дали и колку државни пари легнале на нејзината сметка, дали ова не е класичен судир на интереси и корупција, токму она против кое тој е поставен да се бори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека власта на заев очигледно работи по принципот да поставува волк да чува трло со овци. Затоа Македонија е на 111 место според Транспаренси во борбата против корупцијата, полоша дури и од Буркина Фасо и Брегот на слоновата коска. Затоа народот и стопанството тонат во сиромаштија, а фирмите блиски до власта имаат раст на приходи од неверојатни 2100%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This