„ФОКУС“ ВО ХУМАНА АКЦИЈА: Ќе успее ли да ја излечи дијареата која самиот ја предизвикува?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што се случи со овој некогаш респектиран неделник? Знаат Жоро и Јадранка, знаат и многу други. Ама назад нема – отиден е во такво жолтило, што никој не го спасува. Фокус пропаѓа, без оглед дали тоа некому не му се допаѓа.


Фејк њуз на тони, шпекулации, измислици, се што има на дното во медиумите го собира на едно место, го фокусира, и се полева со истото по себе. А некогаш, во една галаскија далеку, далеку од тука, во еден друг живот овој неделник важеше за респектиран.

 

Оваа гарнитура успеа до толку да го руинира имиџот на неделникот со слугување на фејк њуз кампањите на СДСМ, што треба вистински мајсторлак и да знаеш и да умееш како така да уништиш информативно гласило.

Потсетете се само на аферата за фабриката за пасоши, лични карти и банкарски налози, која Фокус по наредба на СДСМ ја тераше на насловна страна долг период… Фокус имаше задача да започне со растурање сомнеж дека некаде во Скопје има фабрика која штанца пасоши и лични карти кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги користела за да им ги краде изборите на Заев и СДСМ, нешто што тие го тврдеа од 19:01 на изборите во април 2014-та.

https://www.youtube.com/watch?v=Kt9NeErRsZA

И додека и малите деца знаеа дека СДСМ си изгуби најчесно со 200.000 гласа разлика, ако го прифатеа поразот Заев и сите негови вазали во СДСМ ќе требаше да си свиткаат опашка и да ја остават партијата на некои поразумни и попатриотски настроени луѓе во СДСМ. Но, бидејќи планот на Заев и неговиот договор со ѓаволот не го подразбира ова сценарио, односно неговата желба за власт и се што треба за да биде на власт ги надминува сите други познати желби на планетата Земја, тој не ги признава изборите во 2014. Што треба наредно да се случи? Некој медиум да почне „око Крагујевца“ да отвара приказна која ќе ти се поклопи во наративот на лагата која ја кажуваш.

Кој медиум? Се разбира – „Фокус“. На насловните на неделникот започнаа да се појавуваат текстови на Љубиша Арсиќ, подоцна награден за неговата фејк њуз дејност од соросовите институти за новинарство, во кои стоеше дека „таен извор на Фокус му доставил докази за постоење на фабрика за пасоши и лични карти кои биле користени за изборни измами“. АХА! Ете ги фалсификатите кои Заев ги зборуваше – веројатно ова требаше да го помисли секој кој ќе ја фати веста во Фокус, па да му се разбуди дилемата дека сепак е можна изборна измама и дека СДСМ не изгубиле со 200.000 разлика реално, па Заев е во право и се што прави понатаму со блокирање парламент, со бомби и врагови – се легитимни начини за борба.

Но, се случи нешто што Заев и архитектите на овој план не сакаа да се случи. Истражителите ја открија измамата, влетаа во домот на членот на СДСМ Захир Бекири Чауш каде ја пронајдоа фабриката за фалсификат пасоши и лични карти, но и банкарски налози со имиња на функционери на ВМРО и суми со тешки милиони на нив. Овие фалсификат налози требало да бидат искористени за една друга лага околу која СДСМ го градеше своето постоење и делување изминативе години – „парите да ги вратите“ пишуваа невладините профитери на социјалните мрежи, а Заев и компанија најавуваа дека кога ќе дојдат на власт преку СЈО ќе ги вратат 5,5 милијарди долари украдени од Македонија.

Во меѓувреме СЈО престана да постои со пронајден потенцијален криминал од се на се 10 пара гаќи затаени во данок. Ни трага ни глас од никакви милијарди. Ни 100 ни 10 ни еден милион евра или долари не најде СЈО. Поентата е дека не треба СЈО да најде, туку требаше во кампања да се бруи на сите страни дека ВМРО крадело. И во рамките на таа фејк њуз кампања и да се објави дека „до редакцијата на Фокус дојдоа копии од банкарски налози од банка на која нема да и го соопштиме името, на која се гледа дека на сметка на Мијалков има префрлено 17 милиони евра во само една трансакција“ итн итн. Сфаќате што ќе следеше понатака. Тоа беше улогата на Фокус која е камиказе кога се во прашање стандардите и репутацијата, но решија со сите сили да сторат се што можат, да трчаат и лажат врз грбот на стариот имиџ, во корист на Заев и СДСМ.

На ваквиот руиниран имиџ на овој медиум во пропаѓање, реагираа и негови стари колумнисти, како на пример професорката Ванковска.

Еве еден најсвеж пример: во електронското издание е реобјавен текст од мај 2017-та во кој се измислуваат некакви измислени и непостоечки 3000 советници кои ги имал Груевски во Влада (како што беа 650.000 иселени, 700.000 кои гласаа за СДСМ, 500.000 фантоми и другите математики кои ги правеле Зоран и Вице заедно). Притоа во текстот стојат само 3 (ТРИ!) советници за кои знае Фокус, итоа не се на Груевски туку се на Никола Тодоров.

Но, тоа не е проблем ниту за Фокус ниту за поддржувачите, одработувачите и профитерите на СДСМ кои мора да го бранат бранот на партизирање на државата, на чистките кои започна незаконски да ги прави СДСМ по методот „од чистачка до директор“ како што и најави Заев, и за вработувањата на профитерите од невладниот сектор, на вазалите кои со години следеа партиски насоки и глумеа паљачовци и коректив на власта, за на крај да станат фотелјаши и функционери и да си поплукаат на се што збореле досега. Па така СДСМ ќе измислува, Фокус ќе шири и – фокус покус! Лажниот аргумент кој ќе се користи за да се нападне противникот дека „и они вработувале по толку кога доаѓале на власт“ ќе е креиран. А е комплетна лага.

Но не, Фокус нема проблем со тоа… опериран е од стандарди, од чест, од професионализам. Ќе ја завергла бројката 3000 советници за Груевски 10 пати, ќе почнат да ја верглаат и нивните профитери кои се закачија на владина ц*цка и тоа ќе им биде уште една „одбрана“ и спин базирани на комплетна, ама комплетна лага. Ними не им е важна вистината, туку перцепцијата која треба да ја создадат за да си ја зачуваат кожата и мирот, за да се излажат дури и себеси и да продолжат да си веруваат во лагата, да стане дел од нив.

Проблемот е што кога ќе ги прашаш после некое време за тоа каде се 600.000 иселени што избегале во 10 години ради ВМРО, и колку од нив вратиле назад, ќе ти кажат дека си режимски платеник и релативизатор. Тоа е таа тактика и стратегија на профитерите и на медиумските дна во кои за жал во последно време предничи Фокус, злоупотребувајќи го имиџот од порано и уништувајќи го споменот на оној кој го создал и стандардите кои повеќе или помалку ги практицирал.

Но, кармата работи на чудни начини. Сликата која ја видовте погоре и на која до логото на електронското издание на Фокус има лек за дијареа – не е монтажа. но, барем се труди да даде лек за она што самиот го предизвикува. Еј, и тоа е нешто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This