ФОРУМ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА СО РЕАКЦИЈА: Изразуваме загpиженост за насоката во која се одвиваат претседателските предизборни активности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реакција на Форумот за Демократска Македонија, натпартиска организација на иселеници од Македонија по повод случувањата на почетокот на кампањата за претседател на Републиката.

Форумот за Демократска Македонија (#ФДМ) изразува загриженост за насоката во која се одвиваат претседателските предизборни активности. Се забележува тенденција кон градење на култови на личности, појава која ја практикуваше претходната власт на Груевски/Ахмети, а против која ние, кои произлеговме од движењата „Протестирам“ и „Шарената револуција“ протестиравме и се спротиставувавме. Исто така, на некои од последните предизборни настани, кандидатите за претседател се служат со политички пораки наменети за одделни (своите) групи на гласачи, а не со пораки кон сите граѓани, со што кампањите често потсетуваат на кампањи за парламентарни избори, а не на кампањи за избори на претседател на државата.

Градењето култ на личности е појава која не носи прогрес и добробит на ниту еден народ и општество. Затоа сметаме дека изборните штабови на сите кандидати треба да развијат механизми и начини како да се справат и на соодветен начин да реагираат, на ваквата негативна појава на која бевме сведоци во поблиската историја на #Македонија.

ФДМ смета дека учесниците во изборните активности од сите страни на политиката во Македонија треба да изградат рамка на дискусија во интерес на сите граѓани, во рамките на овластувањата на претседателот и да ги споделат своите идеи и заложби за тоа како најдобро би ја извршувале таа функција.

ФДМ ќе продолжи да се залага за демократско општество, развиена економија, владеење на правото и почитување на човековите права.

Реакција на Форумот за Демократска Македонија, натпартиска организација на иселеници од Македонија по повод случувањата…

Posted by Forum for Democratic Macedonia – Форум за Демократска Македонија on Thursday, April 4, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This