April 28, 2024, 12:44 am

(Фото+Видео) УШТЕ ОВА НИ ТРЕБАШЕ: Дpaма во Чернобил, пожapот се поблиску до нуклeapката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 400 украински пожарникари се борат со големиот шумски пожар околу контаминираната зона во Чернобил. Набљудувачите на состојбата велат дека пламените јазици сериозно се доближуваат до нукеарната електрана.

-Нуклеарната електрана во Чернобил, складиштата со радиоактивен отпад и другите важни инфраструктури на контаминираното подрачје не се загрозени, истакна Володимир Демчук, високо лице од украинската служба за вонредни ситуации.

Тој посочил дека главна задача на пожарникарите е да го локализираат пожарот и да го ограничат неговото ширење. Во гаснењето на пожарот се користат хеликоптери и канадери.

Невладината организација Гринпис тврди дека ова е досега најголем пожар во чернобилската контаминирана зона која се протега во круг од 30 километри од електраната која денес не работи.

Украинските власти со денови не објавуваат детали за проценките за размерите на пожарот, тврдејќи дека истиот не ја предизвикал зголемената радиоактивност.

Пожарот го предизикал момче кое запалило трева за да се забавува, според неговите изјави пред полицијата. Му се заканува затворска казна од пет години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This