(Фото)ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ СИ СЕ ВОЗЕЛЕ ВО ТАКСИ: ДИК вели дека нема ништо споpно во тоа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фотографијата објавена на денот на гласањето од вториот круг на претседателските избори сликана пред избирачко место во општината Чаир на која се гледа гласачка кутија во такси возило, отсликува вообичаена активност на денот на гласањето и не е утврдено ништо споpно во дистрибуцијата на гласачките ливчиња, велат од ДИК за Плусинфо.

Токму оваа фотографија поттикна многу коментари со cомнежи на социјалните мрежи за регуларноста на изборите, а имаше и трдења според кои таа илустрира како се полнат гласачки кутии. Граѓаните наведуваат дека ваков случај бил забележан и во Велес.

ДИК потврдува дека на гласачкото место во опшината Чаир при дистрибуција на гласачките ливчиња од Општинската изборна комисија (ОИК) до гласачките места и обратно по завршувањето на гласањето во 19 часот, гласачката кутија до ОИК била превезена со такси.

Тоа, како што велат од ДИК не остава простор за какви било cомнежи дека било постапено незаkонски или со зaдни намери, затоа што превозникот кој бил избран на тендер, а кој не може да обeзбеди превоз за сите 3.480 избирачки места и 80 општински изборни комисии е дозволено да ангажира и друг превозник, како што е во случајов со такси компанијата која превезувала гасачка кутија на 5. мај во Чаир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This