(Фото) „Аватар“ еkcплoдиpaшe нa Карлеуша: Зa нeкoи лyѓe мepкитe нe вaжaт – нaмecтo 30% oд кaпaцитeтoт, вчepa тaмy имaшe дypи 5.000 лyѓe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Струмичката дискотека Аватар буквално не прекинато работи како никогаш да немало коронавирус во земјава.

Дискотеката, т.е ноќниот клуб зад кого стои како што тврдат некои медиуми роднина на премиерот Зоран Заев речиси да не почитува ниту една мерка донесена од страна на Комисијата за заразни болести, а се однесува на капацитетот на гостите на затворено.

АВАТАР ЕКСПЛОДИРА НА КАРЛЕУША – дискотеката во Струмица ново жариште на ковид-19, наместо 30% од капацитетот, вчера таму имаше дури 5.000 луѓе!

Имено според новите мерки кои беа донесени минатата недела угостителските објекти во затворениот дел треба да работат само со 30% од капацитетот, додека на иста маса во кафеана може да седат само четири лица.

Оваа нова мерка сепак се „коси“ со ситуацијата во дискотеката Аватар која е во затворен објект, а наместо 30 проценти од капацитетот, таму вчера на гостувањето на Јелена Карлеуша (но и секојдневно) гледаме публика од приближно 5.000 луѓе.

Зошто институциите не реагираат на оваа неодговорност во врска со ширењето на вирусот засега останува енигма. Она што е повеќе од јасно е дека полицијата и Државниот пазарен инспекторат останаа глуви и слепи пред новото потенцијално жариште на коронавирусот.

Инаку ова не е прв пат дискотеката да се однесува неодговорно.

Минатата година исто така власта и надлежните институции потфрлија со случајот „Аватар“. Дискотеката односно кафе барот Аватар и по бројните апели и реакции на граѓаните не се затвори, секоја вечер се правеа забави спротивни по прописите на Комисија за заразни болести.

По бројните забави во Аватар спротивни на прописите на Комисија за заразни болести Струмица минатата есен стана најголемо жариште на КОВИД-19 во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This