(Фото) Бразил ќе добие нова џиновска статуа на Исус Христос, повисока од познатиот споменик на Христос Спасителот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бразил ќе добие уште една џиновска статуа на Исус Христос, која ќе биде пет метри повисока од познатиот споменик на Христос Спасителот во Рио де Жaнеиро.

Бразилскиот град Енсантандо објави проект за изградба на бетонски споменик на Исус Христос висок 37 метри на платформа висока шест метри.

Идејата да се подигне споменик на Христос Заштитникот се појави во овој мал град по посетата на славниот свештеник aоао Гранкот.

Рафаел Фонтана, член на координативната група задолжена за поставување на споменикот, вели дека споменикот нема да се финансира од буџетот, додавајќи дека парцелата каде што ќе биде, инаку највисоката точка во градот, е донација од три семејства, додека другите работи се финансираат со доброволни прилози.

Тој се надева дека споменикот ќе привлече туристи на ова место и дека ќе има најмалку 5.000 нив неделно.

Според планот, споменикот ќе има лифт внатре, што ќе ги води посетителите до белведерот, кој ќе се наоѓа на висината на срцето на Исус.

Автор на споменикот е скулпторот Маркус Мура, кој претходно направи огромни скулптури на Христос, Дева Марија, Пеле … Тој рече дека се надева дека статуата на Христос ќе ги обедини сите христијани, без оглед на која деноминација припаѓаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This