Љупчо Николовски, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, му честита победа на Доналд Трамп на претседателските избори во Америка иако Џо Бајден е избран за претседател на САД.
На својот профил на Твитер напиша:
Претседател Доналд Трамп, Вам и на народот на САД ви ја честитам победата на претседателските избори. Принципот на почитување на волјата на народот е врв на демократијата, тоа е победа на правото на слободната волја на сите граѓани.