(Фото) Вака се прави тоа: Руските дипломати со рачно изработени лопати им покажаа на Шпанците како се чисти снег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените во дипломатските мисии на Русија и Белорусија во Мадрид, градот кој беше погоден од најголемите снежни врнежи во последните неколку децении, започнаа со расчистување на снегот долго пред Шпанците, покажувајќи им со пример како треба да работи.

Вработените во руската амбасада во саботата земаа лопати во рацете со цел да ја исчистат територијата од дипломатската мисија. Тие мораа самите да си направат лопати.

„Дипломатите и административниот и техничкиот персонал на амбасадите на Русија и Шпанија решително влегоа во борба против последиците од снежниот циклон „Филомена“ и заедно го расчистија патот до амбасадата, без да ги чекаат ветените машини за снег“, велат од амбасадата.

⚡️ Сотрудники Посольства дружно побороли последствия
 снежного циклона «#Филомена» ⚡️11 января 2021 г. дипломаты и…

Posted by Посольство России в Испании on Monday, January 11, 2021

Според портпаролот на амбасадата Дмитриј Болбот, локалното население се заблагодарило за оваа акција на добра волја, гледајќи ги алатките за работа со посебен ентузијазам – рачно изработени лопати за снег, што ги направи вработениот во амбасадата Станислав Верхогogадов, поради отсуство на слични алатки во шпанските продавници“. 

Врнежите од снег започнаа за време на викендот кога повеќето продавници беа затворени и сообраќајот беше парализиран, па во најдобар случај можеше да се најде нормална лопата во соседството.

Во меѓувреме, амбасадорот Јуриј Корчагин и неговите колеги го ослободија живеалиштето покриено со снег, давајќи им пример на соседите и колегите. Белоруските дипломати започнаа да им помагаат на жителите на Мадрид на 8 јануари, кога започна сообраќајниот колапс. „

„Моравме да ги туркаме автомобилите. Шпанците немаат искуство, а наносите од снег се честа работа во нашите земји. Секој овде има летни гуми. Ние им помогнавме – туркавме автомобили, а Мадрид е прилично ридест град. Кога видовме колку снег падна утрото на 9 јануари, започнавме со расчистување на територијата“, рече Јарослав Ковалчук, вработен во белоруската амбасада во Мадрид.

https://www.facebook.com/EmbajadaRusaRu/posts/5340153919358840

Како што рече, тие морале да бидат задоволни со алатките што ги имаат – четки, лопати од песок, што и да било.

„Како да јадете борш со лажичка? Видов како Шпанците го чистеа снегот со најразлични садови“, додаде тој.

Да потсетиме, обилните снежни врнежи, донесени од невремето Филомена, ја погодија Шпанија минатата недела, што доведе до откажувања на летовите и затворање на патиштата, а најмалку четири лица беа убиени. Експертите сметаат дека ова е најсилната бура во последните 50 години .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This