(Видео) Поплaвени илјадници хектари земјиште во полошкиот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поројните дождови кои го зафатија тетовскиот регион претходните денови предизвикаа излевање на реките Шкумба, Поројска река и реката во Речица. Како последица на тоа поплавени се земјоделските земјишта од полошкиот регион. Снимките покажуваат дека нивите во Фалиште се под вода, пишува ТВ21.

„Илјадници хектари земја се поплавени во селото Фалиште, општина Тетово, земјоделците не сакаат да зборуваат пред камерите, но велат дека им е оштетено земјиштето од нечистењето на коритото на реката Шкумба и од фрлање отпад од несовесни граѓани“, истакна репортерот на ТВ21.

Од општина Тетово велат дека излегле на терен и дека работат на санирање на штетите.

Но снимките и сопствениците на земјиштата го покажуваат спротивното. Во близина на селото Фалиште, сопственикот на една нива вели дека досега никој не ги посетил, а снимките покажуваат дека нивите се под вода.

„Влезе во нивата, цела нива е со вода и песок. Ова е моја нива, ја дадов под закуп. Не не беше никој, бев таму сега“.

Зголемување на нивото на вода има и во реката Вардар кое поминува низ село Јегуновце, а доколку продолжат врнежите,  ситуацијата може да излезе од контрола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This